Дијана Томиќ Радевска - Quo Vadis?
Зачетокот на идејата и активностите на Галеријата Акантус започна со изложбата на Дијана Томиќ Радевска, мултимедијален уметник. Таа беше поканета да подготви свој проект изложба за гала отворањето на новиот дом на културата и уметноста.
Отворањето и поставката на изложбата беше во периодот од 31.03.2017 – 26.05.2017 година
Имаме средба со докажан мултимедијален уметник. Позната на јавноста со својата креативна нарација од минатото и сегашноста, на релација Јас и Другиот. Н`и се претставува со дел од дела непознати на јавноста: “Медуза”, “Добриот Змеј”, “Вавилон”, “Ѓавол” и други, со апокалиптични, митолошки суштества прикажани во темни и мрачни гами со јак ликовен осет и драматургија. Таа истражува по нашата колективна свест и н´е поттикнува на преиспитување од надвор кон внатре, Каде одиме?
“Радоста на живеењето” ни обрнува внимание на заборавените стилски техники во сите медиуми. Со моќта на женската ликовност и изострено чувство стреми кон поврзување на традицијата поврзувајќи ја со поставениот ќилим. Со рециклираните предмети во ново руво на употребна вредност и убавината на живеењето, интерактивно не воведува во универзалниот свет на магичниот круг на посакување.
Во триптихот “Молитва” со употребата на златни плохи, сугерира јака мистика и платформа на мечтаење и славење на колективната свест. Да се помолиме пред да излеземе. Со делата н`и дава патоказ за исцелување на душата и телото.
Добар почеток со симболиката на А & Д.
Среќно отворање на Акантус и Дијана
Каталог-Дијана