67168604 2464101013821835 6248098833427857408 N
67168604_2464101013821835_6248098833427857408_n
67680658_2478565655708704_3623496017363599360_n
67709766_2478385389060064_6381617967817293824_n
67731322_2478565775708692_5699994043623145472_n
67883858_2478385395726730_8492214770231934976_n
68357322_2478884425676827_6251695000954863616_n
Nina Gestakovska
Катрин Салентин КЖ
DSC02858
DSC02860
DSC02863
DSC02866
DSC02869
DSC02875
DSC02880
DSC02881
DSC02883
DSC02889
DSC02901
DSC02902
DSC02904
DSC02906
DSC02910
DSC02912
DSC02914
DSC02917
DSC02918
DSC02921
DSC02929
DSC02970
DSC02976
DSC02980
DSC02982
DSC02987
DSC02995
DSC02997
67168604 2464101013821835 6248098833427857408 N67680658 2478565655708704 3623496017363599360 N67709766 2478385389060064 6381617967817293824 N67731322 2478565775708692 5699994043623145472 N67883858 2478385395726730 8492214770231934976 N68357322 2478884425676827 6251695000954863616 NNina GestakovskaКатрин Салентин КЖDSC02858DSC02860DSC02863DSC02866DSC02869DSC02875DSC02880DSC02881DSC02883DSC02889DSC02901DSC02902DSC02904DSC02906DSC02910DSC02912DSC02914DSC02917DSC02918DSC02921DSC02929DSC02970DSC02976DSC02980DSC02982DSC02987DSC02995DSC02997

Летен салон - Галерија Акантус

Летниот салон на галеријата Акантус имаше идеја да направи избор, селекција од уметници кои се блиски во соработката со галеријата но блиски по сензибилитет и ракопис кој се вклопува во една заедничка презентација. Тема на овој Летен салон не беше поставена, со цел слобода во изборот на коментарот кој уметниците имаат потреба да го постават.
Изложбата беше поставена во месеците јули – септември 2019 год.

 

Се радуваме на можноста да ви ги изложиме овој пат, Симон Шемов, Марина Лешкова, Нина Гештаковска-Цветковска, Срџан Миќиќ, Славица Јанешлиева, Андреј Митевски, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Марија Ветероска, Дијана Томиќ Радевска и Катрин Салентин. Разновидни по медиумите во кои работат, богати по сензибилитет карактеристичен за нив, тие на оваа изложба се хармоничен генерациски спој.

Марина Лешкова, сликарка и визуелен уметник со својот сензибилитет и колорит ве воведува во нејзиниот амбиент каде таа ужива. Во природа, на планина, со гулабица која носи добри вести, во ултрамарин синото, ве повикува да ја најдете својата приказна. Брзиот потез на раката и четката, колоритот кој се преклопува и транспарентноста на боите, ракописот на Лешкова, бргу ни ја соопштува идејата. Ајде да трагаме по убавата мисла. Ајде да трагаме по љубовта.

Марија Ветероска активна како уметник, графички дизајнер, дизајнер на сценографија (опера, балет, концерти) истражува, учествува на 60-тина групни изложби, автор е на 7 самостојни изложби. Типографијата е нејзината идеа водилка како еден од основите на дизајнот, но зборот и буквата се носители на одредена естетика, но формираат и визуелизација со сето свое значење но и емоции, трансформирајќи се во слика. Нејзините дигитални графики со игра на скршена перспектива, букви, зборови, бројки сугерира поетика нејзе блиска, но загатка за нас гледачите.

Андреј Митевски, вајар кој трагајќи по добар камен и мермер, патува и работи на местото, низ предели кои мамат каменот да биде допрен. Со суптилност и нежност, со фини алатки тој нежно го длаби до срцето каменот вадејќи ја внатрешноста оставајќи на површината нежни плетенки, спирали или пак хармонија на хексагон форми. Ако совршената форма е присутна и воодушевува во природата и во математиката, Митевски во уметноста ја бара низ философијата на совршенството.

Срџан Миќиќ, енергичен уметник, графичар, почитувајќи ја класичната техника линорез истражува, анализира, прекршува и сублимира. Неговото графичко длето сигурно и прецизно се движи во обработка на клишето. Линиите се повторуваат, се судруваат, формираат лик, вистински, но и замислен. Тоа се неговите линии на животот, линии на неговиот јазик, тие се судруваат и повторно среќаваат. Во неговите колажирани, конструирани книги (Art Book), гледаме сторија која е формирана од графики, детали од графики, површини кои се мирни и монохроматски го појачуваат чувството кај гледачот или пак го смируваат.

Нина Гештаковска – Цветковска, уметничка, графичар, веќе подолго време му се посветува на сликарството со целата енергија на експресијата. Нејзината енергичност ја гради композицијата, таа излегува од рамката, исполнувајќи го агресивно и просторот околу нејзе. Фигурацијата за нејзе карактеристична се испреплетува до апстракција каде гледачот трага по телата, трага по нивниот спој и приказна. Исполнетоста на платното или пак хартијата, во смисла богат колорит, брзи потези, ве збунува, но бара од вас да се обидете да го почувствувате, да влезете во костец со вашите емоции.

Симон Шемов, е еден од најзначајните македонски уметници на модерната и професор на новите генерации уметници кои беа и се школувани на ФЛУ во Скопје. Својата енергија секогаш ја усмерува на нови истражувања, открива израз за него карактеристичен користејќи нови материјали и медиуми (Основач на отсекот за изучување на изработка на рачно правена хартија при ФЛУ). Минималист во изразот, дисциплиниран во изведбата, прецизен во употребата на медиумите. Во графиките, овде изложени, едни од постарите циклуси теми “Детето и … се гледа неговиот пристап на игра со навидум детската едноставна линија, се чувствува љубопитноста на уметникот, но сето тоа во амбиентот на сериозните и точни принципи на клетката и Универзумот.

Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, уметничко дуо кое соработува и излага заедно веќе неколку години, споени низ поетиката која секој во своето творештво ја поседуваат. Изработката на рачно обоената свила, зашивањето и исцртувањето со конец, долгогодишната преокупација на Вана и прецизниот исцртан цртеж и аналитичност на Зоран се спојуваат во нивните заеднички идеи да поставуваат дилеми, етички прашања кон општествените односи. IUSTITIA, MISERICORDIA и FORTITVDO, Праведност, Милост и Моќ, тоа се трите наслови кои не воведуваат во сликата на нежно сработените свитоци од свила на кои ангелите носат терезија, копје, меч. Меланхоличноста, низ прелевањето на сината боја, не внесува во атмосфера и расположение на немоќ, а сепак ангелите, видливи и јасни се силни во конечната слика за надеж и верба.

Славица Јанешлиева, доследна на својот медиум – графиката, а исто така мултимедијална уметничка во изразот и идејата истражува по историјата на семејството, повторно доживува слики од минатото, ја преиспитува сегашноста. Нејзината изведба до перфекционизам во графиката, различниот пристап во градење на композицијата јасно ни ја предава идејата и не вовлекува со емоции да ја проследиме и учествуваме. Нејзините реминисценции како да се и наши, едноставните маркирани колоритни површини се поедноставени до апстрахираност, па така ви дозволува да мечтаете. Тука енергијата, нејзината, на уметничката, и вашата се спојуваат до комуникација и креативно разбирање.

Дијана Томиќ Радевска, ликовен уметник, графичар, дизајнер која сака да експериментира, да се навраќа на класичните техники и медиуми, но и да открива што нудат новите медиуми. Таа ги комбинира медиумите и техниките, соопштувајќи ги сопствените размислувања. Анализирањето ја измачува, тоа го прави на свој начин, некогаш брзо ја препознавате нејзината дилема, но нејзината идеја на асоцијации низ уметничкото дело може да ве збуни. Во нејзиното сликарството гради лазурни тонови, честопати црта на платното со потези кои ја спојуваат со цртачките фрагменти на графиката. Пораката која треба да биде прочитана е поставена искрено, ве повикува на анализа.

Катрин Салентин, мултимедијална и визуелна уметничка од берлинската сцена, посветена на дигиталниот колаж со својата прекршена композиција, искршени форми конструира нови, непостоечки фигури. Деградирана форма која испушта крик за спас, сака да алармира. Бојата на тен, лазурно дигитално преклопување на пастелни тонови дава чувство за кршливоста на битието, а тоа навистина е искршено, како фигура или како пејзаж. Долгогодишен ангажман на оваа уметница низ овој медиум, го дефинирал нејзиниот ракопис кој прашува, кој констатира и ве вовлекува во ангажираност.

Plakat-Leten-salon

 

Повеќе во Слободен печат