Колекција „Сувенири Скопје”
Колекцијата „Сувенири Скопје” чиј автор е архитектот Филип Конески е составена од разгледници, бележници за страници и магнети.
Преку оваа колекција на сувенири Филип Конески ги претставува најзначајните градски обележја на еден нов и шаренолик начин, сакајќи да не потсети на нивната безвременост. Како што кажува авторот во едно од неговите интервјуа, позадината за изборот на објектите кои што тој ги претставува во оваа колекција преставува комбинација на нивната архитектонско-историска важност и емотивниот аспект на заборавените вредности.
Филип Конески е еден од основачите на првиот сајт за Македонска архитектура – МАРХ.