IMG 2118 Copy
IMG_2118 Copy
IMG_2120 Copy
IMG_2121 Copy
IMG_2123 Copy
IMG_2132 Copy
IMG_2133 Copy
IMG_2135 Copy
IMG_2142 Copy
ВЕРТИКАЛНО ВРЕМЕ -акрилик на платно 60 х 50см. 2018г. Copy
ВНАТРЕШНИ МЕРИДИЈАНИ -акрилик на платно 50 х 50 см. 2018г. Copy
ВОЗВИШЕНА ВИСТИНА-акрилик на платно, 40 х40 см. 2019 Copy
ИНТУИЦИЈА -акрилик на платно 40 х 40см. 2018г. Copy
НЕДОПИРЛИВА-акрилик на платно 40 х 40см. 2018г. Copy
СЛЕДБЕНИК НА ТВОЈОТ ОБЛИК -акрили на платно 40 х 40см. 2019г. Copy
СОВРШЕНА ИСКРЕНОСТ – акрилик на платно 40 х 40см. 2018 Copy
ФАМА – акрилик на платно 40 х 40см. 2018 Copy
ХРАМ НА ЗОРАТА- акрилик на платно 50 х 50см. 2018 Copy
FOTKA TONI I EMIL 2016 Copy
51435113_2371628163069121_8667336495448719360_o
52532869_2368925586672712_1882791303243104256_o
52712963_2371625573069380_2040445327747579904_o
52720927_2371627873069150_6527381044650311680_o
52744626_2371624369736167_5473566657722974208_o
52842338_2371628753069062_1449049011355910144_o
52851326_2371626923069245_6117832660023771136_o
52877968_2371628269735777_970083368131624960_o
52920516_2372935569605047_4645514821528190976_n
52929816_2371625446402726_6285839170619310080_o
53053579_2371624676402803_3779716841346170880_o
53117978_2371624219736182_479481206803529728_o
53296987_2371625056402765_3140621979669757952_o
53468150_2375384796026791_2748030499589980160_n
IMG 2118 CopyIMG 2120 CopyIMG 2121 CopyIMG 2123 CopyIMG 2132 CopyIMG 2133 CopyIMG 2135 CopyIMG 2142 CopyВЕРТИКАЛНО ВРЕМЕ  акрилик на платно 60 х 50см. 2018г. CopyВНАТРЕШНИ МЕРИДИЈАНИ  акрилик на платно 50 х 50 см. 2018г. CopyВОЗВИШЕНА ВИСТИНА акрилик на платно, 40 х40 см. 2019 CopyИНТУИЦИЈА  акрилик на платно 40 х 40см. 2018г. CopyНЕДОПИРЛИВА акрилик на платно 40 х 40см. 2018г. CopyСЛЕДБЕНИК НА ТВОЈОТ ОБЛИК  акрили на платно 40 х 40см. 2019г. CopyСОВРШЕНА ИСКРЕНОСТ – акрилик на платно 40 х 40см. 2018 CopyФАМА – акрилик на платно 40 х 40см. 2018 CopyХРАМ НА ЗОРАТА  акрилик на платно 50 х 50см. 2018 CopyFOTKA TONI I EMIL 2016 Copy51435113 2371628163069121 8667336495448719360 O52532869 2368925586672712 1882791303243104256 O52712963 2371625573069380 2040445327747579904 O52720927 2371627873069150 6527381044650311680 O52744626 2371624369736167 5473566657722974208 O52842338 2371628753069062 1449049011355910144 O52851326 2371626923069245 6117832660023771136 O52877968 2371628269735777 970083368131624960 O52920516 2372935569605047 4645514821528190976 N52929816 2371625446402726 6285839170619310080 O53053579 2371624676402803 3779716841346170880 O53117978 2371624219736182 479481206803529728 O53296987 2371625056402765 3140621979669757952 O53468150 2375384796026791 2748030499589980160 N

Емил и Тони Шулајковски - LEVEL 50

Уметниците Емил и Тони Шулајковски овојпат се претставуваат на заедничка изложба, а нивните афинитети ќе ги проследиме заедно и посебно.
Изложбата беше поставена од 22.02-20.03.2019 година

Имаме можност да уживаме во приликата на спојот на две енергии, толку блиски, а, сепак, толку посебни во својата нарација но и различности. Во сликарството на Емил и Тони Шулајковски може да се “детектира” стилска дефиниција на лирска апстракција и експресија. Овој пат се претставуваат заедно, а нивните афинитети ќе ги проследиме заедно и посебно. Во творештвото на Емил чистата експресија се манифестира низ слободата на потегот на четката, емоционалниот израз, слобода во композицијата која нема корелација со објективната реалност. Масата на боја е нанесена спонтано, енергично. Играјќи со комплементарни бои тој ја гради композицијата со темно-светло и гради длабочина и перспектива. Колоритот во оваа зрела фаза на сликарството на Емил Шулајковски е сфумато темен, богат во тонови и контрасти. На моменти ќе пронајдете ликови, препознатливи форми кои ќе ви дозволат да создадете сопствена приказна. Имате можност да влезете во богати пејзажи, да сретнете ликови, да влезете во моќен вртлог и да освојувате нови длабочини и простори. Ќе ве маѓепса моќта на бојата, нејзината симболика, нејзината елеганција и драматичност, со сета нејзина агресија ќе ја почувствувате низ сензацијата боја-светло-око. Ќе посакате да влезете во просторот што авторот го создал, ќе сакате да избегате низ темнините на длабочините, ќе сретнете нови простори од негов сон можеби, или, можеби од вашиот сон. Иако навидум блиски во пристапот на градење на една композиција кај Тони се чувствува желба за раскажување преку боја, за создавање приказна во приказна. Фигурацијата, којашто се наѕира или пак е експресивно исцртана врз колоритни површини, му дава на гледачот асоцијација за мечтите и размислите на уметникот. Во некои композиции влегува во еден надреален свет кој можеби цитира, можеби потсетува на можноста на уметноста да нè научи како да се спознаеме себеси. Тој медитира преку своето сликарство. Така некои наслови точно ќе нè упатат на трагањето на уметникот по “Внатрешни меридијани”, ќе нè одведе во “Зен градина” итн. Во богатството на бои се појавува и линеарен цртеж, исцртан или пак изгребан над основниот слој боја. Колоритот го дополнува чувството на соблазнување од убавото, тоновите на светол ултрамарин, светло кобалт сина, кадмиум жолта, богати тонови на зелена, силно се судираат но и соработуваат. Текстурата создадена со потези, но и со наслојување боја над боја, креира богатство на транспарентност и игра на колоритните површини создавајќи воздушест баланс. Забележувам дека нивната генетска блискост ја бараме и во нивното сликарство коешто на прв поглед е толку блиско во пристапот но и, исто толку, различно. Тоа се разликува во барањето на инспирација, се разликува во градењето на композицијата а, во овие зрели години на нивното творештво, се разликува и во нивната пигментна и тонска гама.

Дијана Томиќ Радевска лик.уметник  и куратор на галеријата “Акантус”

Emil-Shulajkovski-Design-Fineart-low-res

Toni-Shulajkovski-Design-copy

 

Повеќе во Радио Слободна Европа