Поглед кон врвот 1 36×50
Поглед кон врвот 1 36×50
Поглед линорез 50х36
Tragi Na Asfaltot Maslo
Maslo 60×40 Igra Na Formi
MarkoDSCN1545
MARKODSCN1526
Marko Zena Park 19×24
Marko Formi Nad Gradot 29×19
DSC02790
DSC02791
Akril 7 40×50 Iskrsena Vizura
51069971_2356797311218873_6640612282541801472_o
51080322_2356797197885551_2865000227339763712_o
51249298_2356793657885905_4938710489111724032_n
51311802_2356798657885405_1196067066730250240_o
51325175_2356794204552517_348736359294304256_n
51383183_2356798377885433_2058174819601481728_o
51395156_2356796684552269_5452345632335331328_o
51419499_2356793417885929_5169171759835906048_n
51435164_2356797564552181_8180126911607865344_o
51477550_2356796887885582_2279329025044250624_o
51489605_2356793194552618_500599144386134016_o
51492996_2356796494552288_6269360656709844992_o
51556254_2355141834717754_4147476087535828992_o
51658114_2356798457885425_3343264223231737856_o
51665017_2356797261218878_1355526257399300096_o
51692424_2356793237885947_5128202844188442624_o
51701529_2356796117885659_4164916025579536384_o
51777750_2356797134552224_8753118498567225344_o
52115620_2356796984552239_2899512136399060992_o
Поглед кон врвот 1 36×50Поглед линорез 50х36Tragi Na Asfaltot MasloMaslo 60×40 Igra Na FormiMarkoDSCN1545MARKODSCN1526Marko Zena Park 19×24Marko Formi Nad Gradot 29×19DSC02790DSC02791Akril 7 40×50 Iskrsena Vizura51069971 2356797311218873 6640612282541801472 O51080322 2356797197885551 2865000227339763712 O51249298 2356793657885905 4938710489111724032 N51311802 2356798657885405 1196067066730250240 O51325175 2356794204552517 348736359294304256 N51383183 2356798377885433 2058174819601481728 O51395156 2356796684552269 5452345632335331328 O51419499 2356793417885929 5169171759835906048 N51435164 2356797564552181 8180126911607865344 O51477550 2356796887885582 2279329025044250624 O51489605 2356793194552618 500599144386134016 O51492996 2356796494552288 6269360656709844992 O51556254 2355141834717754 4147476087535828992 O51658114 2356798457885425 3343264223231737856 O51665017 2356797261218878 1355526257399300096 O51692424 2356793237885947 5128202844188442624 O51701529 2356796117885659 4164916025579536384 O51777750 2356797134552224 8753118498567225344 O52115620 2356796984552239 2899512136399060992 O

Марко Вујисиќ - Формите на градот

Галеријата Акантус, ја започнува годината со промоција на млади уметници. Оваа година тоа е младиот уметник Марко Вујисиќ.
Изложбата беше поставена од 01.02 – 20.02.2019 година

Јазикот со кој уметниците зборуваат и пишуваат и нивната слика како литерарност во илустрацијата го интерпретираат нивниот поглед, нивното искуство низ спознанието и перцепцијата.

Младиот уметник Марко Вујисиќ во ова негово самостојно претставување како лауреат на наградата на галеријата „Акантус“ по изложувањето на In Situ Art Fair во Скопје, нѝ се претставува со слики и графики посветени на градот и на неговите форми.

Дали визиите на еден град секогаш исто нѝ значат?  Дали ги поседуваат истите вредносни визури во нашето сеќавање? “Кога една поетска слика се обновува, дури и во една линија, таа манифестира првична наивност.” (Gaston Bachelard) 

Поетската слика на доживувањата на овој град, на некој друг град, на некој друг пејзаж, се испишува, се исцртува со нови линии, со стари и нови искуства; па можеме да се сложиме со мислата на Башлар дека ни наметнува и наивност од почетното доживување. Барајќи ги визурите на своите доживувања тој, авторот  ги препознава преку својата перспектива и создава нови искршени простори. Самите наслови ни сугерираат точна локација или пак позната визура.

Марко, млад жител на Скопје, на интересен начин ги создава конструктивните форми, ги расчленува, ги коментира преку симболи, ги акцентира преку апстрактни антропоморфни форми. Колоритот кој ја надополнува, поточно ја оформува сликата е чист и медиумски „плакатно” исчистен. Графитите на Марко имаат свежина на прочистен цртеж, поента која соодветствува со околината, но за жал повеќето од нив повеќе ги нема на ѕидовите на градот. Неговата графика пак ја има истата чиста, прекршена линија, со грубоста на техниката линорез, но и со извесна слоевитост во градењето на графичкиот печат во боја постигнувајќи убава мекотија и транспарентност.

Неговиот афинитет и искуство во графити уметноста се отсликува и во неговите слики и ја води неговата рака кон создавање на форми кои делуваат дека се бргу и бритко исцртани во техниката на акрил и масло на платно, но сепак класично се третирани во прецизноста.  Платната се богато исполнети со форми, асоцијации, симболи, компонирани во целосно доживување на еден лавиринт. Со употреба на препознатлив манир на потези од историјата на уметност го аплицира сопствениот ракопис кој внимателно го гради.

Ако наивноста на повторувањето на линијата и формата ја земеме како богатство од младешка перцепција, брзата ликовна реакција како темпераментна игра, тогаш можеме да ја славиме уметноста на посебните изрази. На Марко Вујисиќ му посакуваме со свежината на размислување од оваа изложба да созрева и на некои други теми, проблеми, медиуми.

Дијана Томиќ Радевска лик.уметник  и куратор на галеријата “Акантус”

Katalogce-Marko-Vujisic