86842079 2648982848666983 5087292748118097920 N
86842079_2648982848666983_5087292748118097920_n
86970102_2648982708666997_7108301162712924160_n
87030738_2648982785333656_2440219917291618304_n
87052849_2648982842000317_4638725440305889280_n
87186351_2648982912000310_3294875412278018048_n
87396305_2648982778666990_4199329017247039488_n
IMG_4633
IMG_4677
Plakat NA RABOT
IMG_4656
IMG_4657
IMG_4661
IMG_4663
IMG_4674
86842079 2648982848666983 5087292748118097920 N86970102 2648982708666997 7108301162712924160 N87030738 2648982785333656 2440219917291618304 N87052849 2648982842000317 4638725440305889280 N87186351 2648982912000310 3294875412278018048 N87396305 2648982778666990 4199329017247039488 NIMG 4633IMG 4677Plakat NA RABOTIMG 4656IMG 4657IMG 4661IMG 4663IMG 4674

,,На

Со изложбата “На работ” галеријата ја отвори сезоната на активности во 2020 година.
Се отвори на 14.02.2020 – 10.03.2020 год.

Во светот на уметноста потребни се нови интриги и нови прашања. Тие можат да го појаснат ставот на уметникот, a  и да допринесат за разбирање на ракописот на уметноста. Ако интелектуалниот пристап на гледање и поимање, носи страв и непознаници притоа барајќи едукативна подготвеност, така емотивниот контакт и чувствата со уметничкото дело уште повеќе изискуваат енергија.

Уметноста како визуелен медиум ве вовлекува во процесот на создавање низ рацете на уметниците. Чинот на создавање на материјалната слика, „реалноста на насликаното” (Хегел), создадена од човечката рака е израз на уметничката слобода, сето тоа на работ од реалноста и духовната “конструкција”, на работ на опсесијата, на работ на страста, на работ на бунтот за опстанокот на уметноста, …за опстанокот.

Доротеј Нешовски, низ “Илузиите на уметноста”, гради објекти со ready-made елементи, каде во зависност од промената на светлината се менува комплетната линеарна слика. Со неговиот специфичен ракопис од (се чини) детското моќно емоционално паметење, оформува фрагилни цртежи со отпадоци од процесот на создавање кои внимателно ги селектира и чува. Дигиталните принтови и објектот „light box” во „fuzzy” – композиција произлегуваат од играта со неговиот медиум – дрвените боички, кои понатаму би рекла ги отсликуваат видливите и невидливите густи линии на градот (чувство на авторот на текстот). Густината на линиите, преку обединувачки структури формираат модул кој може да се обраби но поверојатно е дека сака да излезе надвор од работ, до бесконечноста.

Илија Прокопиев спонтано бележи цртежи во големи формати кои аналитично нафрлаат забелешки од градот, од облиците на неговите перцепции. Масниот пастел дава можност за колористичка игра, композициски авторот ја дополнува со правоаголни сегменти-цртежи, дополнително компонирани белешки и фотографии, кои притоа на работ на таа отворена празнина го испишуваат неговиот препознатлив ракопис. Отворениот концепт  на цртеж, на слика, на колаж, на асамблаж, или пак инсталација, ви остава простор да се втурнете во емоционалното прифаќање на сугерираните форми и сами да влезете во чинот на гледање. Асоцијацијата и комбинаториката на веројатности која авторот ви ја нуди е голема, а сами учествувате во сликата од виртуелниот простор до слика во вистинскиот простор.

Кај Ива Станковска низ чуден сплет на линии и монохроматски решени површини се препознава потребата да се забележи, да се наслика, и  преку уметност да се испишат чувствата. Процесот и начинот на создавање за авторката е суштествен, како нејзин начин на чистење на духот. Употребува разредени акрилни бои, смрзнати бои, индиректно остава траги, Полоковски ги истура боите врз платното. Таа ги гмечи, ги гужва, ги пребојува, ги брише, ги мачи сопствените слики. Таа ги влечка и фрла како со нив да го води дијалогот кој оди до работ и назад од почеток. Енергијата на уживање и гнев рефлектираат во енормно големите димензии кои се промислени како платна кои системски ќе пораснат во објекти, во “меки” скулптури, во сликарска инсталација. Решенијата на авторката се site specific, така целата изложбена соба, во соработка со Ана Трајковска е преполнета, сè со намера да ве вовлечат во трета димензија а потоа да ви ја покажат моќта на формата. Вие сте внатре, во формата, на работ на формата.

Ана Трајковска во експериментирањето со графичките техники се приближува до работ на обеспредметување на формата. Таа излегува од границите на објективното и предметното стигнувајќи до метафизиката, чистата бесконечност ни ја сугерира со сината боја и небесното синило. Во нејзината потребата да се отпечати трага, со испреплетени асоцијативни гранки, или пак крвоток кој живот значи, на меки подлоги, на платно, и на атипичен начин на создавање, таа го испишува својот ракопис со излегување од нормите на класичниот графички пристап. Заедно со Ива Станковска го балансираат простор, се дополнуваат, се разбираат, ја толерираат својата сличност и различност, создавајќи “соба-мека скулптура”.

Доротеј Нешовски, Илија Прокопиев, Ива Станковска и Ана Трајковска, блиски по третманот на слободата на изразот, секој на свој начин во традиционална техника, цртеж, сликарство, графички отпечаток, фотографија, објект-скулптура, нетипични во решенијата излегуваат од рамката на ограничувањата. Нивното искрено задоволство ќе се почувствува во предизвикот што го носи уметноста, возбудата од “лутањето” (истражувањето) низ сопствениот јазик. Низ отворени структури и проблематики во исцрпените емотивни забелешки, односот на човек-град, човек-природа, човек-човек го оставаат отворен и целиот простор на работ на отворен запис кој може да се дополнува.

 

Повеќе во Радио слободна Европа