78254304 513018175955537 3961357734212796416 N
78254304_513018175955537_3961357734212796416_n
78307305_503403743601117_4092476020538474496_n
78638857_840111119755478_9002254033691344896_n
79416052_550627382441373_7880758517026521088_n
78254304 513018175955537 3961357734212796416 N78307305 503403743601117 4092476020538474496 N78638857 840111119755478 9002254033691344896 N79416052 550627382441373 7880758517026521088 N

Анета Попова - Квадрати на постоењето

Керамика во концепт. Запис од уметничката, керамичарката Анета Попова со својата богата едноставност загатна нова поставеност на овој медиум.
Изложбата беше поставена од 12.12 – 14.12.2019

Евалуацијата и карактерот на микроструктурата на керамиката  често може да се поврзе со нанотехнологијата и тензијата во микрометри. Микроструктурата која човечкото око ја забележува со лимитираната резолуција на голо око и светлината која се рефлектира, ja создава сензацијата на доживувањето. Микроструктурата што ќе ја забележите кај авторката Анета Попова вклучува барање, откривање на микро-пори, микро-пукнатини, структури кој се создале со трагите што авторката ги детектира во врската со природата, со постоењето, и нивната врска со човекот кој остава трајни белези со своето постоење.

Ако трагата е отпечаток на се она што постои, или пак е запис на “нешто” што поминало врз некаква површина, љубопитството кај нејзе, тоа да се забележи и регистрира, а уште посуштествено да се истражува, е длабоко содржинска перцепција на која таа се посветува со суптилност.

Прецизна во својот минималистички пристап, таа е точна, јасна во изработката и обработката на трагите во керамиката. Авторката сече, притиска, ја ранува меката земја и печејќи, го фиксира фрагментот како “досие на постоењето” како што таа ќе забележи. Нежните ракописни записи се забелешки кои ќе ве воведат во формирањето на една приказна. Квадратните објекти, поставени во фриз, континуирано сугерираат, раскажуваат, ве поттикнуваат на релаксирано себе-спознавање, провокација што упатува на дијалог.

Дијана Томиќ Радевска лик. уметник и куратор на галерија “Акантус”

Katalog-so-pogolem-font-optimized

 

Повеќе во ОКНО