Тања Балаќ – Париски Сигнатури 2

Тања Балаќ

…„Париски сигнатури 2“ ви претставува уметници што престојувале во ателјето на Cité Internationale des Arts, живееле во Париз и го впиле шармот, ја почувствувале неговата слободоумност и елеганција, уживале во неговата дрскост и бунтовност и со сето тоа се воспитувале низ другоста што Париз ја нуди.
Уметниците со своите сигнатури, визуелни белешки, знаковни запис, ќе забележат свои еднородни врски со градот, но и врската со атмосферата во која и нас ќе нè вовлечат. Урбаната душа на градот со неговите симболи, асоцијативни структури и пораки (Тања Балаќ), нè возбудува и релаксира…
……………………………………………………………………….
Тања Балаќ

Родена 1968 година во Скопје. Дипломира 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство. Престојува во Париз 2003 година на студиски престој. Од 1991 година е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ. Од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ. Учествува на Конференции и работилници на полето на уметничкиот експеримент. Покрај сликарството таа истражува и во полето на новите медиуми, инсталации, видео и перформанс. Живее и работи во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *