Атанас Ботев – Париски сигнатури 2

… Мобилноста на еден создавач, визуелен уметник, кој трага по состојките на својот интерес, суштествено може да го измени чувството на припадност или на неприпадност како слобода по која бескрајно се трага.

Со начинот на кој амбиентот ќе го формира уметникот или ќе го обликува со оглед на неговата вештина, тој создава возбудлив, сублимиран, во и вон каноните „убав“ свет. Така станува креатор на она што е или пак што може да биде…
…Париската сцена, носителот на авангардните идеи во уметноста, уметниците ја чувствуваат како своја сцена и како своја слобода на изразување (Атанас Ботев), допирајќи суштествени социјално-универзални пораки кои радикално ќе ја формираат иднината…
………………………………………………………………….

Атанас Ботев

Роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.
Активен е и на полето на графичкиот дизајн: плакат за Скопски џез фестивал, 2005; обвивки за албумите на Пиколомини, Алек Пејовски и НАВ; поштенска марка – 100 години ФИФА; плакат за документарниот филм „Ако никој не свири“ во режија на Ѓорѓи Јаневски; бројни илустрации за детски списанија и книги. Објавувал стрипови и илустрации во списанијата Лифт, Макстрип, Strip No Borders, Маргина, Автор е на сторибордот за филмот Тајната книга во режија на Владо Цветановски, 2002. Престојува во Париз 2005 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *