Réparé
Изложба за применета ументост и дизјан.
Галеријата Акантус, ве поканува во сабота на 23 март во 12 часот на отворањето на изложбата Réparé.
Оваа изложба е соработка на три иницијативи, три имиња АКАНТУС, СПИН и КОМРАД-ДИЗАЈН, сѐ со цел да размислуваме ангажирано, да ги почитуваме вредностите на обновливост и повторно да употребиме. Ја вклучивме нашата креативност, загриженоста за иднината, делувањето за запирање на претрупаноста со ѓубре и отпад. Со нашиот еколошкиот пристап се спротивставуваме кон мегаломански количини производство, се ангажираме со грижа за подобро утре на нашата планета, за подобро осмислување на нашите организирани или неорганизирани животи.
Со вклучување на нашата уметност и креативност, креација и дизајн, создадовме мебел, аксесоари за домот, уметнички предмети, нова применета уметност, поточно ре-создадовме нови артистички производи од предмети кои некому веќе не му значат или пак не му користат. Тие предмети за нас имаат значење, затоа повторно ги враќаме во живот и им ја враќаме вредноста во совремието, но и понатаму за новото време. Ги дизајнираме за новите корисници. Изложените производи се репарирани, редизајнирани, ре-организирани во нова функција или пак им е вратена првобитната функција. Создадени се и нови производи во служба на овој креативен процес.
Изложбата ќе биде отворена до 2 април.