Zaneta

Верувам дека можам да летам

Верувам дека можам да летам.

Оваа сабота, на 27 октомври, од 20 часот се отвора новата самостојна изложба на Жанета Гелевска Вељановска – Жани.

“Мистеријата на играта поседува сопствен простор и сопствено време, па така користејќи го реалното време и простор Жанета Гелевска Вељановска нѐ носи во имагинарен свет на други простори, кои имаат бесконечно многу приказни, создадени со внимателно промислување на фантазијата. Во ова нејзино претставување ќе иницира една желба за достигнување на невозможното, летањето. “ – истакнува кураторката на изложбата, Дијана Томиќ Радевска.

На оваа изложба ќе бидат преставени педесетина нови дела, кои се изработени во различни техники.

Жанета Гелевска Вељановска – Жани дипломирала на Ликовната академија во Скопје во 1989 година во класата на професорката Ана Темкова. По нејзината изложба во 1999 година во лондонската ликовна галерија “Блајнс” во Мејфер, таа се преселила во Англија, каде што сега работи како уметник со полно работно време. Таа секогаш експериментира и нејзините слики се уникатна комбинација постигната со комбинирање на акрилни и мешани медиуми и низа необични материјали.

 

Изложбата ќе биде отворена до 5 декември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *