Welcome

Say hello to the toggle bar. This is an optional section you can use to display any content you'd like. Simply select a page from the theme panel and the content of the page will display here. You can even use the drag and drop builder to create this! This is a perfect place for your company mission statement, alerts, notices or anything else.

Get In Touch

Email: support@total.com
Phone: 1-800-Total-Theme
Address: Las Vegas, Nevada

Our Location

Poster-kroki-izlozba

Отворање на изложбата “Кроки во градината”

Возбудата од следната сцена, следниот збор, перспективите на имагинацијата, тие, уметниците, лесно ја преточуваа во нови линии и потези, секој задлабочен во сопствената визуелизација и цртачко-наративен процес.

 

На 13-ти јуни, среда од 20 часот ќе биде отворена изложбата “Кроки во градината“. На оваа изложба ќе бидат изложени дела кои беа созданени под импресиите на литературно-уметничкиот настан кој се случи кон крајот на април во нашата градина. Пред публика, десет уметници цртаа кроки цртежи инспирирани од извадоци од литературни дела од европската книжевност кои беа читани на настанот.

Кураторот  Дијана Томиќ Радевска за оваа иозложба ќе каже:

„Во оваа прилика базата за создавање на кроки цртежите на овие десет еминентни уметници Горјан Ѓорѓев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја Кировска, Срѓан Миќиќ, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ, Касиопеја Наумовска, Маја Рауник, Васко Серафимов и Тања Таневска беше дел од роман, расказ, поезија, текст, како модел – кој низ читањето, ја менуваше динамиката на сцената и интересот. Возбудата од следната сцена, следниот збор, перспективите на имагинацијата, тие, уметниците, лесно ја преточуваа во нови линии и потези, секој задлабочен во сопствената визуелизација и цртачко-наративен процес.

Селекцијата на уметници спои различни енергии, по темперамент, по сензибилитет, по различен ракопис во кој делуваат. Тие, го прифатија повикот, желни за слушање на читачот како во детските денови, желни за компетитивност, возбудени од создавањето на својот нов запис, и сето тоа го споделија со нас. За тоа сме им навистина благодарни.“

Настанот и изложбата се поддржани од Делегацијата на Европската унија во Скопје и се во рамките на одбележувањето на Европската година на културно наследство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *