Кроки во градината

Кроки во градината

„Кроки во градината” е литературен и уметнички настан.  Десет уметници, пред публика ќе цртаат кроки цртежи додека се читаат извадоци од литературни дела од европската книжевност од 20-тиот и 21-виот век.
Идејата на овој настан е да се претстави кроки цртежот како техника и како истата може да биде инспирирана од книжевност.
Настанот е дел од одбележувањето на Европската година на културно наследство и е поддржана од Европската унија.

 Резервација на билети

Настанот е ограничен на публика од педесетмина, поделени по две групи од 25. Влезот е слободен, но потребно е да резервирате билет. Истите се достапни на следниот линк https://bit.ly/2K8WTSM, потребно е само да изберете во кој дел од настанот би сакале да учествувате.

Заради малиот број на места ве молиме резервирајте билети само за еден од двата термина.

Уметници кои ќе цртаат: Горјан Георгиев, Славица Јанешлиева, Маја Кировска, Срѓан Миќиќ, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ , Касиопеа Наумоска, Васко Серафимов, Тања Таневска, Маја Рауник
Извадоците од книжевните дела ќе ги читаат: Д.А. Лори, Тамара Буштреска, Марија Грубор, Милена Стојановска и Андреја Јанков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *