Anti Industrial

Anti-industrial

Изложбата “Анти- индустријал” ќе биде отворена во петок, 23-ти ноември и ќе трае се до 3-ти декември. Уметничката галерија Акантус покани дизајнери да изложат производи кои се настанати со голема љубов и ентузијазам како идеја за економска и социјална реформа.
Низ процесот на создавањето и реализирањето на нивните колекции создадена е можност за одржување на повеќе занаетчиски работилници, дизајнерски ателјеа кои трагаат по критериумот за убаво изработен и естетски осмислен производ.
Поддржувајќи го напорот на дизајнерите за самоодржливост, креирање и осмислување на нивните идеи, ја нудиме можноста, клиентот да изгради подобар критериум низ компетитивност за убав производ и поддршка на домашната сцена дизајнери и произведувачи. Малите серии ги прават производите единствени.

Учесници:

Керакамика
[0.10errorofharmony]
Spin 
Cactus Design
Ракатрак дизајн
Светлосна врска
Komrad Design
Wizart
Solem

Куратор: Дијана Томиќ Радевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *