Metamorfozi 50×35 Kombinirana Tehnika (2010) Akantus

Отворање на изложбата „Був на ѕидот“ на Орхан Ќамил

Галеријата Акантус со особено задоволство ве поканува на отворањето на самостојната изложба на уметникот Орхан Ќамил, во петок (2-ри јуни), со почеток во 20 часот.

Марина Лешкова, историчар на уметноста, академски ликовен уметник и кустос на оваа изложба вели: “Предизвик е да се запознаеме со Орхан Ќамил и неговиот процес на творење, каде симболите и знаците ги активираат сетилата на реципиентот. Композицијата во делата го доловува моментот, каде бојата ја конституира идејата на чинот на сликање. Просторна димензија на будење на делата од сонот на сопствениот мит и игра со посебна длабочина од која понираат ликови и фигури. Раскажувач на патот на создавањето на делата со надреална атмосфера, со непрочистени слоеви – слој по слој, ги оживува со топли и ладни бои и апликации нанесени хоризонтално и вертикално.”

На оваа изложба ќе бидат преставени триесетина дела на Ќамил во различни техники, графика, акрил на платно, масло на платно, акватинта, акрил на лесонит, акватинта бакропис и други комбинирани техники. Делата преставени на оваа изложба се од различен период од творештво на авторот, од 1998 година до 2017-та.

Орхан Ќамил е роден 1977 година во Кочани. Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, оддел графика во класата на професорот Константин Танчев – Динка во 2003 година.  Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, Хрватска, Бугарија, Романија и други држави. Тој исто така работи на театарски проекти во театарот во Штип и театарот на националностите во Скопје.

Галеријата Акантус, со оваа изложба продолжува да ја остварува својата мисија и да ја доближува современата македонска уметност до скопската публика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *